Песков потсети дека вакцината гарантира заштита од сериозни форми на болеста, но не е невозможно да се разболите.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој утрово изјави дека мора да се изолира, откако имаше контакти со луѓе заразени со вирусот корона, е апсолутно здрав, изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.

„Претседателот е апсолутно здрав“, рече Песков, додавајќи дека Путин го помина ПЦР тестот и дека резултатот е негативен.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека неколку луѓе се разболеле за време на контактите на претседателот. Сепак, тој не можеше да одговори на прашањето дали тие луѓе се вакцинирани. Исто така, Дмитриј Песков избегна да открие кои се заразените лица.

“Лекарите ја вршат својата работа. Тоа е стандардна практика. Секој што имал контакт со заразени лица мора да биде изолиран неколку дена, одреден временски период”, објасни Песков, пренесува ТАСС.

„Сите знаеме дека вакцината гарантира заштита од сериозни форми на болеста, но сепак е можно да се разболиме“, додаде тој.

На прашањето како новите околности можат да влијаат на плановите на Путин да учествува во гласањето што ќе се одржи викендов, Песков вети дека начинот на кој ќе гласа претседателот ќе биде објавен подоцна.

„Кога претседателот ќе донесе одлука, ќе не извести“, заклучи Песков.