И покрај сите написи во весниците и наводни скандали, се уште ништо не успеа да го растури бракот меѓу пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, врска која дава отпор и се покажа подолга од многу други кои се навидум похармонични.

Сепак, тие самите долго време не кријат дека во нивната врска има турбуленции, а тоа најчесто се гледа по нивното однесување на социјалните мрежи.

Со години наназад, оваа брачна двојка се сладат и си лајкуваат, па потоа се бришат и не се следат на социјалните мрежи, па пак ќе се смират. Речиси секоја година, од претходните неколку, барем еднаш имаа епизода на не-следење на социјалната мрежа Инстаграм, па можеби затоа најновото одследување никого не изненади.

Јелена досега беше видена во разни ситуации, во микро бикини и секси фустани, топови, градници и гаќички, но секој пат таа успева да оди чекор понатаму, така е и сега.

Таа позираше во минимално црно бикини кое едвај ги покрива оние најинтимните делови.

Ја зазеде најпровокативната поза и можеби тоа го разлути нејзиниот сопруг.