Елиф Елмас наскоро почнува преговори за нов договор со Наполи, кој што ќе биде подобар, побогат и со траење во следните пет години. Ова го потврди неговиот агент во изјава за италијанските медиуми.

Сегашниот договор на македонскиот репрезентативец е до 2024 година, но Наполи сака да му понуди подобри услови, и да го „врзе“ дијамантот кој што пружа одлични партии во дресот на наполитанците.

Исто така ќе има и клаузула во случај некој да сака предвреме да го откупи. Засега сите детали околу финансискиот дел не се откриваат.

sportmedia.mk


Напишете коментар