Пред 29 години, на овој ден, се омажи српската пејачка Лепа Брена. Нејзината љубов со поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ сè уште цвета, дури и по толку години. Како што рече таа тогаш, тие минале навистина многу работи заедно, но ништо не можело да влијае на нивната долгогодишна љубов.

На почетокот на нивниот брак, и двајцата беа успешни луѓе кои беа подготвени да ја градат својата кариера. Додека Брена полека стануваше една од најголемите sвезди на поранешна Југославија, Боба мораше да ја заврши кариерата една година по бракот поради повреда на грбот.

„И така, ние двајцата 29 години“, напиша пејачката со серија фотографии, од кои едната е од нивната венчавка. Таа ја опиша нивната врска како победа на љубовта и разбирањето. И самата признава дека Слободан е љубовта на нејзиниот живот, па затоа не е изненадувачки што тие важат за еден од најхармоничните парови во Србија.