Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистриран е 541 прекршок.

Помина долго време од носењето на овој закон , но граѓаните сеуште не можат да се навикнат , или не сакаат . Носењето на маска на отворено предизвика бура на реакции кој што беа проследени со критики кон власта.

Прва работа на која што граѓаните реагираа беше тоа што во угостителските објекти може да се седи по 50 -100 лица во еден локал без маска .

Работниците кој што одат на работа немаат никакво загарантирано право на заштита затоа што се упатуваат со автобуси кој што носат по 30 -40 работници .

И уште многу други примери кој што укажуваат на тоа дека овој закон е контроверзен . Но затоа за да нема премногу галама околу овој закон предлагаме власта овие пари да ги донира во министерството за здравство со цел да се помогне во борбата со КОВИД-19 како и со останатите болести .

Премногу е цинично во време кога трае економска, здравствена , и психолошка криза да се удри по џебот на граѓаните со цел да се полни државната каса.