Памдемијата со корона вирусот може да доведе до катастрофа од огромни размери, а милиони луѓе низ целиот свет би се соочиле со глад, предупредуваат ООН.

Сите податоци што ги имаме, вклучително и прогнозата за WFP, покажуваат дека стапката на неисхранетоста на луѓето ќе се зголеми за 80 проценти до крајот на годината. Тоа укажува на вистинска катастрофа, рече Дејвид Бизли, извршен директор на Програмата за храна на ООН (WFP).

Ни се заканува глад од библиски размери“, предупреди тој.

Брзото зголемување на бројот на луѓе кои не можат да се прехранат ќе биде многу брз резултат на пандемијата. Подолготрајната штета ќе се реализира во наредните години.

Очигледно, ќе има зголемување на социјалните тензии, миграцијата, конфликтите ќе ескалираат и гладот ​​веројатно ќе влијае и на оние кои претходно тоа не го доживеале, изјави Безли за ТАСС.

WFP проценува дека Латинска Америка ќе ја доживее најдраматичната промена кога станува збор за ова, со зголемување на неисхранетоста од дури 269 отсто.

Ако нешто не биде направено, многумина ќе умрат, децата ќе страдаат од последиците од неисхранетоста со години, а светот ќе го изгуби целиот напредок постигнат во борбата против гладот ​​во изминатата деценија – нагласи тој.

Оваа година, околу 138 милиони луѓе во 83 држава се потпираа на помошта за снабдување со храна на WFP. За многумина, телото на ООН е „последната надеж за опстанок“.

Во Јужен Судан, на списокот со пет милиони се додадени уште нови 1,6 милиони луѓе на кои им е потребна помош. Во Јемен, WFP храни 13 милиони луѓе.Ситуацијата во Либан стана особено критична во последните две недели, бидејќи голема експлозија ги уништи ланци за снабдување.


Напишете коментар