Денес во грчкиот град Кавала започна тридневниот состанок на грчките и турските претставници, кој ќе заврши со состанок на министрите за надворешни работи.

Заменик министерот за надворешни работи за економски прашања Костас Фрагојанис ќе разговара со турскиот заменик министер за надворешни работи Седат Онал, објави Катимерини.

Двете страни се обидуваат да изготват план за остварување на некаква соработка, но приоритет е да разговараат за прашања од поголем приоритет. До времето на состанокот, двете страни имаа дадено 23 предлози – 15 од грчка и осум од турска страна.

Меѓу предлозите се создавање на втор граничен премин преку мостот на реката Марица, воспоставување траект што ги поврзува Солун и Измир и железнички врски помеѓу Солун и Истанбул, јави Танјуг.

Грција и Турција исто така ќе разговараат за заживување на претходните работни групи за шпедиција и соработка во туризмот, телекомуникациите и животната средина.