Тие ги прославија оскарите со танц.

Ентони Хопкинс и неговата колешка Салма Хаек со танц го прославија Оскарот, кој актерот неодамна го освои за улогата во филмот Татко.

Во симпатичното видео што холивудската звезда го објави на Инстаграм, Ентони игра на звуците на песната „Dance Me to the End of Love“ од пејачот Леонард Коен. Кон крајот, му се придружува и Салма, а танцот завршува со прегратка.

Прослава со кралот Ентони Хопкинс по повод неговиот втор Оскар за извонредна изведба во Татко, напиша актерката. Ви благодарам, кралице, за вашата љубов и смеа. Незаборавен, убав ден, одговори добитникот на Оскар под видеото.

Да потсетиме, актерот го освои својот прв Оскар во 1992 година за улогата на Ханибал Лектор во филмот Кога јагнињата ќе замолчат.