Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер изјави денеска дека вирусот корона од ден на ден станува се поопасен.

На прес-конференцијата по седницата на покраинската влада во Нирнберг, Седер рече дека вирусот корона не оди на годишен одмор, и дека пандемијата е процес на мутирање, па време е да се прилагодиме на тоа.

Короната е многу поопасна отколку што мислевме досега – истакна Седер, додавајќи дека е важно да се подигне свеста за тоа во наредните недели.

Тој се осврна пред се на повратниците од годишен одмор, велејќи дека се надева оти одлуката за задолжителното тестирање е донесена навреме.

Проширувањето на списокот на ризични земји мора да биде подинамично отколку што беше во минатото – рече премиерот на Баварија.

Што се однесува до училиштето, тој вели дека доколку има случај на инфекција, тие ќе бидат затворени многу брзо.

Одлучувачки период се првите две недели. Ќе имаме обврска да носиме маски во училниците – истакна Седер.

Тој посочи дека во наредните недели ќе се одлучи дали маската ќе биде задолжителна и за време на часовите.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *