Најавата дека незадоволни поединци во СДСМ ќе прават посебни листи на локалните избори, дека луѓето на БЦ ќе прават партија, јавното спротиставување на Стојко Пауновски, повеќемесечната подземна пресметка на Заев и Шекеринска можат да бидат само увертира пред финалната битка во СДСМ. Таа треба да се случи меѓу Претседателот на државата Стево Пендаровски, помогнат од Бранко Црвенковски екс лидерот на СДСМ, и сегашниот премиер и прв човек на СДСМ, Зоран Заев.

По лидерската тет-а-тет средба на Заев и Мицкоски видлива е нервозата на Пендаровски бидејќи е јасно дека тој е веќе непотребен како коректор на политичката сцена. За да се врати во игра Пендаровски несмасно, дури и понижувачки, сака да воспостави добри односи со опозицијата. Во таа функција се неговите и кога треба и кога не треба релативизирања на некои клучни процеси во државата.

Пендаровски знае две работи. Да добие уште еден мандат тој треба да биде предложен од партија на власт. Ако е Заев на чело на СДСМ тоа нема да се случи. Што ќе рече дека или Заев не треба да биде на чело на СДСМ или Пендаровски ќе треба да биде предложен од друга партија во власта или во владината коалиција.

Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар. Целата емисија можете да ја погледате на следниот линк: