Веднаш по тие обвинувања, зборуваше портпарол на претседателот Карабах, негирајќи ги наводите што доаѓаат од Баку.

Да потсетиме, Араџик Арутијан вчера изјави дека тој лично отишол на фронтот на борбата против азербејџанската армија.

Обраќајќи им се на армијата и на волонтерите во земјата, тој изјави дека се водат тешки битки со различен интензитет по целата линија на фронтот, пренесува ерменската новинска агенција „Арменс“.

Според него, цивилни населби биле мета, вклучително и главниот град Степанакерт.

  • Нацијата и татковината се загрозени. Правото на слободен, независен и достоинствен живот на земјата ослободена од крвта на нашите храбри синови е загрозена – рече Харутијунијан.
  • Ова е нашата последна битка, која сигурно ќе ја добиеме заедно. Јас сум со вас до победата. На оружјето. Ние ја имаме честа – рече Харутијунијан.