Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ во вечерашната емисија Во Центар, која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov изјави дека партијата нема да повика јавно на бојкот на пописот за да не ги донесе граѓаните во состојба да мораат да плаќаат парични казни, но дека тој нема да учествува на пописот.

Според Пандов, ВМРО ДПМНЕ не победиле на ланските парламентарни избори поради короната, а исто така нивниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски бил седум дена во карантин и тоа сигурно имало влијание врз текот на изборната кампања.

Пандов е оптимист дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи на следните локални избори за кои тој се надева дека ќе бидат во пакет со предвремени парламентарни избори.

Според неговото мислење пописот ќе биде политички договорен и истиот треба да биде одложен поради епидемиолошката состојба во Македонија.

Целото интервју со Пандов можете да го гледате на следниот линк:


2 thoughts on “Претседателот на Патриотскиот институт: Ако Мицкоски не беше во карантин, ВМРО ќе победеше на изборите”

Comments are closed.