Погребот на принцот Филип ќе биде на 17 април во 15:00 часот по локално време во катедралата Сент Џорџ, во замокот Виндзор, соопшти Бакингемската палата.

Според портпаролот на палатата, цитиран од светските агенции, приватната церемонија ќе се емитува на телевизија.

На погребот ќе присуствува принцот Хари, кој живее во Калифорнија, но не и неговата сопруга Меган Маркл.

На почетокот на церемонијата ќе се оддаде едноминутно молчење низ целата земја.

Националната жалост во Велика Британија ќе трае до 17 април, а кралското семејство ќе биде во жалост две недели.