Принцот Хари ќе се врати во САД веднаш по погребот на неговиот дедо, принцот Филип, кој почина на 9 април на 99-годишна возраст, пренесува Њујорк Тајмс.

Принцот Хари во моментов е во карантин во кралската резиденција Фрогмор, недалеку од замокот Виндзор. Принцот не планира да остане во Велика Британија по погребот на војводата од Единбург на 17 април.

Весникот нагласува дека принцот Хари брза да се врати во САД поради својата бремена сопруга Меган Маркл. Поради нејзината состојба, лекарите ја советувале да не патува со авион.

Во неделата, британските медиуми објавија дека принцот Хари се вратил во Велика Британија од САД за да присуствува на погребот на неговиот дедо.

Експертите за кралски работи сугерираат дека враќањето на војводата од Сасекс дома, прво во изминатата година, може да му помогне да се смири со кралското семејство и да ја зајакне позицијата на британската монархија, додава БТА.