Една од главните улици во Приштина, именувана по поранешниот американски претседател Бил Клинтон, беше блокирана по пријавата во полицијата дека во него е забележан сомнителен куфер, пренесува Коха.

“Околу 10:30 часот, добивме информација дека имало сомнителен куфер на улицата Бил Клинтон. Екипи на косовската полиција се на местото на настанот”, соопшти косовската полиција.

Во соопштението се додава дека дел од улицата засега е затворен за сообраќај и ќе биде пуштен по детален увид на местото на настанот.