Вјоса Османи побара од НАТО и ЕУ да реагираат откако српскиот претседател Александар Вучиќ, според неа, го спореди конфликтот во Нагорно Карабах со ситуацијата во Косово. Според нејзиното толкување, Вучиќ со таа изјава „и се заканува на Приштина со војна“.

Таа на својот профил на Твитер ја оцени изјавата на Вучиќ дека конфликтот во Нагорно Карабах покажа како замрзнат конфликт, кога ќе се стопи, може да се претвори во вистинска катастрофа, оцени како закана, пренесува Танјуг.

На изјавата на Вучиќ реагираше и министерот за надворешни работи Меjиза Харадинај Стубла, тврдејќи дека претседателот на Србија им се заканува на сите земји во регионот.

Милошевиќ, сега им се заканува на сите членки на НАТО во регионот дека ќе продолжи да се подготвува воено за нови војни на Балканот-напиша таа на Твитер.