Познато е дека Косово не се третира како суверена држава во Европската унија, но претставниците на ЕУ секогаш го релативизирале ова прашање зборувајќи за „европската перспектива“, пишува приштинска Коха.

Во текстот се наведува дека, сепак, никогаш не било изнесено толку јасно дека т.н. Косово не е земја за Европската унија и не може да аплицира за членство во ЕУ, како што неодамна направи портпаролот на ЕУ Питер Стано на прес-конференција, пренесува Косово на Интернет.

Коха потсетува дека Стано ова го кажа одговарајќи на прашањето дали т.н. Косово може да аплицира за членство во ЕУ, бидејќи тоа сега е дел од обврската во документите потпишани во Вашингтон, каде беше ветено дека нема да се бара членство во меѓународни организации.

Стано не сакаше да коментира што се случи во Вашингтон, велејќи дека тоа се однесува на страните во договорите, а не на ЕУ, но се ограничи на појаснувања во врска со можноста за т.н. Косово аплицира за членство во ЕУ.