Во среда, на 2 септември, претставниците на Белград и Приштина ќе бидат примени во Белата куќа од американскиот претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, и советникот на Трамп, Роберт О’Брајан. Сепак, заедно со косовскиот премиер Авдулах Хоти, се очекува на средбата да не присуствува косовскиот претседател Хашим Тачи, пренесува „Коха“.

Тоа го најави Грејсон Винсент од американскиот Совет за национална безбедност. На прашањето дали поканата за средбата е испратена до Тачи, Винсент ги спомена само Хоти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како водачи кои ќе бидат на состанокот, пренесува Б 92.

На 2 септември советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан ќе ги прими лидерите на Србија и Косово со амбасадорот Гренел. Соединетите држави ги очекуваат овие важни разговори со претседателот Вучиќ и премиерот Хоти. „Соединетите држави сметаат дека напредокот во економската сфера е клучот за унапредување на мировниот процес“, рече Винсент.

„Коха“ го праша и Претседателството на Косово дали Тачи ќе биде присутен на состанокот, но од таму сè уште не добиле одговор.

Тачи го поздрави одржувањето на средбата со посредство на Соединетите држави, но не напиша кои ќе бидат членовите на косовската делегација.

Слична средба во Вашингтон беше одложена на 27 јуни, откако Специјалното обвинителство објави обвинение против косовскиот претседател Тачи.


Напишете коментар