Киев треба да биде подготвен да ја ослободи територијата на Донбас оваа есен.

Поранешниот заменик министер за прашања на привремено окупираните територии на Украина, Кириј Гримчак, тоа го изјави за телевизискиот канал Обозреватељ.

Јас би сакал тоа да се случи со политички или со дипломатски, средства но армијата треба да биде подготвена за потенцијална употреба на оружје за ослободување на својата територија, рече Гримчак.

Според негото мислење, учеството на Русите што живеат во Донбас на изборите за Државната дума зборува за наводната намера на Москва да ја анектираа оваа територија.

Претходно, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков објави дека поседувањето на двата пасоши, и руски и украински, не им пречи на жителите на Донбас да учествуваат на изборите во Русија.