Потпретседателот на Здружението на борците на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Насим Харадинај, беше приведен денес во Приштина на информативен разговор.

Хасим Харадинај, кој е роднина на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, одби да биде приведен од специјалците на ЕУЛЕКС, туку побара тоа да го направат припадниците на косовската полиција, објавија приштинските медиуми.

Тој го обвини новинарот Вехби Кајтази за апсењето.

Претходно денес, специјалците на ЕУЛЕКС го уапсија претседателот на организацијата на ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, во Приштина и го одведоа во Хаг.

Акцијата на ЕУЛЕКС започна 24 часа откако првиот обвинет член на ОВК, поранешен локален командант и еден од раководителите на разузнавачката служба, Салих Мустафа, беше однесен во Специјалниот суд во Хаг.

По вчерашното апсење на Мустафа, косовските медиуми најавија нови апсења на обвинети пред Специјалниот трибунал за воени злосторства.