Пронајден е тинејџерот кој се фалеше дека пали шуми низ Македонија. Полицијата испратила известување за Обвинителството за 17-годишен жител на скопското село Мојанце поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – предизвикување општа опасност.

За потсетување, на 04.08.2020 на социјалната мрежа „Тик-Ток“ тој објавил видео и фотографии како предизвикува пожар, односно потпалува нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи.


Напишете коментар