Коронавирус и натаму е присутен меѓу фудбалерите. Во Серија А клубовите со соочуваат со проблем, најмалку осумина играчи се позитивни на „Ковид-19“.

Во составот на Торино има двајца, Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас има еден. Претходно и Рома и Каљари пријавија заразени членови со коронавирус. Заедничко за сите фудбалери е тоа што немаат симптоми.

Новата сезона во Серија А треба да почне на 19. септември.

Во Италија бројот на заразени одново се зголемува, вчера беа пријавени 845 нови случаеви. Добро е познато дека овааа земја беше меѓу најпогодените, до сега животот го загубија над 35.000 лица.


Напишете коментар