Од денес, 1 јуни во редица европски држави продолжува олабавувањето на мерките воведени поради пандемијата со корона вирусот.

Во Велика Британија започнува втор степен на олабавување на карантинот, воведен на 23 март. Некои училишта ќе започнат со работа, но повеќето објекти сѐ уште ќе останат затворени до 15 јуни. Денес во Англија во училиште ќе се вратат децата во подготвителната настава, како и дел од учениците од основното образование. Со работа ќе започнат и детските градинки, пазарите и авто салоните. Една група не може да брои повеќе од 6 лица со задолжително растојание од два метри.

Олабавувањето на мерките ќе продолжи и кај нас, после отварањето на кафичите, кафеаните, спортските обложувалници и останати дејности кои беа опфатени со рестриктивните мерки поради ковид-19, се очекува отварање на градинките, како и на границите во согласност со протоколот меѓу соседните држави.

После првото олабавување на мерките дел од граѓаните не ги почитуваа препораките за задолжително растојание и носење на заштитна маска што доведе до зголемен број на заразени од корона вирус.


Напишете коментар