Иницијативата доаѓа од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, предлог е новата Универзална сала да се гради на нова локација, а на постојната да се направи парк.

Секоја идеја која доаѓа од фелата треба да се разгледа, вели градоначалникот Шилегов.

Универзалната сала е срцето на Скопје, носталгични се граѓаните пред нашата камера. Бараат таткото на градот да предложи решение за да се задржи автентичноста на објектот како и за решение на проблемот со сообраќајниот метеж.

Универзалната сала отсекогаш била центарот на сите важни случувања во Скопје. Поради дотраеност објектот беше затворен за посетители во 2015-та година, чекаше реконструкција откако беше најавен нејзиниот нов имиџ во вид на јајце, но планот се промени со промен на власта, според новиот градски татко, реконструкцијата на старата чини речеиси исто толку средства колку и изградба на нова.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *