Професор на Московскиот универзитет кој ги добил потребните две дози вакцина Спутник V тврди дека оваа вакцина е ефикасна и безбедна.

Sergej Boljević, Foto: TV Vijesti

Светската здравствена организација исто така треба да ја препорача руската вакцина Спутник V за употреба до крајот на јануари, потврди Сергеј Боjевиќ, професор на Московскиот универзитет.

Тој денеска разговараше со претставниците на Министерството за здравство за можноста одредени количини на руска вакцина да бидат доставени во Црна Гора, но тие сè уште не откриваат детали.

“Најголемите несакани ефекти се тоа што може да има главоболка, температура до 38 степени,болка во мускули и поминува за еден, максимум два дена. Нема сериозен случај на тешка алергиска реакција, или најлошо да умре некое лице”, рече Боjeевиќ .