Откако од компанијата Фајзер вчера објавија дека нивната вакцина против 19 е ефективна, Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд, рече дека тимот на Фајзер покажал „чудесна ефикасност“ и рече дека светот може да се врати во нормала веќе на пролет.

Јас сум првиот што тоа ќе го каже, со самодоверба, дека животот ќе се врати во нормала до пролетта. Да, да, да – рече Бел во интервју за Би-Би-Си.

Неговиот колега од Универзитетот во Оксфорд, професорот Питер Хорбај, потврди дека овој момент е важен и поттикнува на оптимизам.

Осетив олеснување кога ги видов резултатите. Ова е добар знак и пресвртница, ми се чини – рече Хорбај

Потенцијалната вакцина на компанијата Фајзер досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 ја добиле втората доза на 8 ноември.

Вакцината ефикасно штити од коронавирус седум дена по втората доза.

Вакцината е базирана на иновативна технологија mRNK, која го поттикнува телото да произведе еден од вирусните протеини што генерира имунолошки одговор на вирусот корона.