Прогласена е вонредна состојба во Нови Сад поради влошената епидемиолошка состојба предизвикана од ширењето на вирусот корона.

Одлуката е донесена на седницата на Градскиот штаб за вонредни состојби со цел да се спроведат оперативни мерки за заштита на безбедноста на животот и здравјето на населението на територијата на градот Нови Сад.

Како што беше најавено, одлуката за прогласување вонредна состојба е инструмент со кој Градот создава услови за ставање на располагање на сите ресурси на територијата на градот во потребниот капацитет.

Тоа е интегрирана форма на организација и управување со субјектите на системот, со цел да се поддржи спроведувањето на оперативните мерки за борба против ширењето и последиците од заразната болест Ковид-19.

Градскиот штаб за вонредни ситуации апелираше до граѓаните да се придржуваат кон донесените мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот корона.