Поради згуснатиот период предизвикан од коронавирусот, во Англија се почесто се жалат на згуснатиот период кој го имаат, па по тој повод се подготвува револуција.

Англиската федерација размислува за можноста да воведе поголем број на измени и со тоа тренерите да имаат повеќе шанси да ги заменат преморените играчи.

Се најавува дека на еден натпревар, една екипа би можела да направи дури и до 10 измени. Тоа правило може да биде активно од јануари на натпреварите во ФА Купот.

Тимовите би можеле да направат по 10 измени, а доколку дополнително некој играч крвари, тимот ќе може да направи и 6-та измена.

Доколку натпреварот влезе во продолжение, тимовите ќе имаат право на по уште една измена.