Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко назначи нов државен секретар на Советот за безбедност, шеф на Комитетот за државна безбедност (КГБ) и шеф на Комитетот за државна контрола (КГК).

Лукашенко го смени Андреј Равков од чело на Советот за безбедност и на негово место го постави поранешниот шеф на КГБ, Валери Вакуљчик.

Иван Тертеj, досегашен шеф на Државниот комитет за контрола, дојде на чело на КГБ, додека Василиј Герасимов го зазеде неговото место.

Да потсетиме, на 19 август Белорусија доби нова влада на чело со Роман Головченко.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му соопшти на премиерот на Русија, Михаил Мишустин, кој е во посета на Минск, дека е пресретнат разговорот меѓу Варшава и Берлин и дека изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални е фалсификат.

Тој вети дека ќе и го предаде на руската страна транскриптот од тој „интересен разговор што јасно укажува дека станува збор за фалсификат“.

Лукашенко додаде дека сè ќе испрати до Федералната служба за безбедност на Русија, шефот на ФСБ, Александар Бортников и директорот на службата за надворешни разузнавање, Сергеј Наришкин.

Мислам дека оваа ситуација ќе мора сериозно да се разјасни. Ќе ви ги предадеме текстот и аудио-снимката, материјалите ќе бидат кај вашите специјални служби денес или утре, за да можат тие тоа да го решат, рече Лукашенко.

Тој исто така го предупреди рускиот премиер Михаил Мишустин дека Западот подготвува акции против Русија пред регионалните избори во земјата.


Напишете коментар