Во утринските часови на 30 јули во близина на наплатната станица „Демир Капија“, на автопатот А-1, при полициска контрола на две возила биле пронајдени 11 мигранти од Бангладеш.

Како што информираат од МВР, запрени биле автомобил „бе-ем-ве“, со велешка регистрација, управуван од О.Д. (46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски озанки, управуван од С.М. (37), двајцата од велешкото село Бузалково.

Пронајдените мигранти се сместени во прифатно-транзитниот центар Гевгелија, за понатамошна постапка.

За настанот е известен Јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.


Напишете коментар