Претходните фотографии на големи канали на Марс и огромните брановидни формации на површината сугерираат катастрофални поплави во минатото, а сега научниците користеа податоци собрани од роверот „Кјуриосити“ на Црвената планета за да докажат постоење на мега-поплави во кратерот Гале пред 4 милијарди години.

„За прв пат идентификувавме мега-поплави користејќи детални седиментолошки податоци собрани од роверот Кјуриосити. Депозитите оставени од мега-поплавите претходно не беа идентификувани од податоците на орбитерот”, рече Алберто Г. Фајрен, коавтор на написот објавен во списанието „Nature”.

Фотографиите се направени од камери на роверот „Кјуриосити“ задолжен за набљудување на карпите и минералите во кратерот Гале.

Она што тие го забележале биле талози кои потекнуваа од огромни поплави откако биле формирани планината Шарп и кратерот Гејл.

Научниците веруваат дека поплавите се предизвикани од удар на огромен метеор што создало доволно топлина за да го стопи мразот на планетата. Во тој процес, се ослободуваат јаглерод диоксид и метан, кои во комбинација со вода испаруваат и кратко формираат топла и влажна клима.

Ова довело до дожд на Марс, а водата течела од Шарп и го преплавила кратерот Гале.