Просечната цена на мобилните телефони во вториот квартал оваа година порасна на сите главни пазари освен во Јужна Америка, покажа истражувањето на агенцијата Counterpoint.

Најголем раста на цената на смартфоните во однос на минатата година е забележан во Кина, каде што просечен уред чини 266 евра, неговата цена во Северна Америка е 404 евра, а во Европа изнесува 250 евра,

Во азиско-пацифичкиот регион (без Кина) чини 208 евра, на Блискиот Исток и Африка 141 евро и во Јужна Америка 142 евра.

Кога се работи за производителите, најбарани во вториот квартал биле уредите на Apple, кои сочинуваат 34 проценти од пазарот.