РОБЕРТ ПРОСИНЕЧКИ е нов селектор на Македонија и ќе ја предводи на своето прво големо натпреварување, Европското првенство следното лето.

Ова е објавено како ексклузива од српски Курир. Истиот извор додава дека во наредните денови се очекува официјална потврда на веста за новиот македонски селектор.

Доколку веста се покаже како вистинита, тоа би било големо изненадување, бидејќи се очекуваше Македонија да ја води Игор Ангеловски, кој и донесе историски успех во дополнителните квалификации преку Косово и Грузија.

Просинечки ја завршиминатата сезона со Кајзериспор неславно затоа што требаше да испадне од првата лига. Сепак, Турската фудбалска федерација одлучи дека за 2019/2020 година нема испаѓање поради проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирусите.