Полицијата во Вашингтон го протера водачот на патриотската група „Горди момчиња“ од градот и уапси две лица, кои ги поддржаа обидите на претседателот Доналд Трамп да ги оспори изборните резултати според кои победи Џо Бајден. Конфликт имаше и меѓу приврзаниците на Трамп и полицијата на улиците на Вашингтон.

Енрике Тарио, водачот на „Гордите момци“, кој беше уапсен во понеделникот за уништување имот и поседување на магацин за оружје, вчера беше ослободен со кауција и му беше наредено да го напушти Вашингтон, објави полицијата во главниот град.

Протестите против новоизбраниот претседател Џо Бајден започнаа во Вашингтон во вторникот, а имаше и конфликт меѓу приврзаниците на Трамп и полицијата. Тоа може да биде само показател за тоа што може се случи денес и утре.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи ја покажуваат тензична ситуација на улиците на Вашингтон, каде што дојде до туркање меѓу демонстранти и припадниците на полицијата.

Илјадници луѓе се очекува да маршираат денес под слоганот „Да ја спасиме Америка“. Градските власти во Вашингтон предходно ги предупредија приврзаниците на Трамп да го остават оружјето дома.

Голем протест е закажан за денот кога американскиот Конгрес треба да ги потврди резултатите од претседателските избори, според кои победи Бајден.

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги смета изборите за нерегуларни и тврди дека станува збор за измама и кражба на гласови, а многу од неговите приврзаници се согласуваат со него.

Трамп треба да се појави пред демонстрантите попладнево во јавниот парк Елипс, јужно од Белата куќа.