Низ цела Грција се одржуваат протести поради одлуката на Турција да ја претвори Агиа Софија во џамија.

Турција, пред неколку недели, ја ревидираше одлуката и после 86 години заврши периодот кога Агиа Софија функционираше како музеј и од денес таа ќе биде отворена за муслиманска богослужба.

Во исто време кога таа беше отворена за верниците, црковните sвона во цела Грција ѕвонеа во знак на жалост, а знамињата беа спуштени на половина копје, пишуват грчките медиуми.

Поглаварот на грчката црква, архиепископот Jerероним Втори го нарече претворањето од музејот во џамија „чин што му се спротивставува на Бога“, додавајќи дека денес е „ден на жалост за целиот христијански свет“.

Патријархот вечерва ќе отслужи посебна литургија, за време на која се очекува да ја пее православната химна посветена на Девица Марија, молитва за која се верува дека за прв пат се отпеа во 626 година, како знак на благодарност до Девица Марија за заштита на Константинопол.

Грчкиот премиер изјави дека тоа што се случува со Агиа Софија не е „манифестација на моќ, туку знак на слабост“.

Илјадници верници и туристи дојдоа во Истанбул да присуствуваат на првата молитва во Аја Софија, откако таа беше претворена во џамија.

Илјадници обожаватели и туристи ги окупираа улиците околу џамијата, а многумина спиеја во шатори недалеку од зградата.

За Истанбул / Константинипол / Цариград се вели дека е „папокот на светот“. Се наоѓа во географско, цивилизациско и политичко трусно подрачје меѓу Европа и Азија. Веќе 1483 година, тоа место го краси прекрасна градба, која е по себе симбол на сите сличности и разлики, Агиа Софија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *