Лукашенко тврди дека протестите биле организирани од Полска, Велика Британија и Чешка.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека протестите организирани во Минск и другите градови на Белорусија биле оркестрирани преку телефон од Полска, Велика Британија и Чешка.

Како што рече тој на средбата со шефот на Извршниот секретаријат на ЗНД, Сергеј Лабедев, повиците биле следени и доаѓале од тие три земји, пренесува Тасс.

Инаку Лебедев е поранешен генерал во руската Армија а од 2000-та до 2007 година беше на чело на руската разузнавачка служба ФИС кога на таа позиција го заменува Михаил Фрадков.

Пораките беа испратени од Полска, Чешка и Велика Британија со цел да се контролираат, ќе ме извините, овие овци, кои не разбираат што прават и лесно е да се манипулира со нив, рече Лукашенко.

Откако повеќето избирачки места беа затворени во белоруската престолнина, Минск, група од околу 300 демонстранти се судрија со полицијата во знак на протест поради победата на актуелниот претседател Александар Лукашенко.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *