Денес истекува рокот за објавување на првите обвиненија против членовите на поранешната УЧК!

Точниот број на обвиненија за злосторства на УЧК не му е познат на никој, а крајниот рок за нивното објавување, кој не може да се пречекори, истекува денес.

Сепак, не е познато кога Специјализираниот суд ќе ги открие точните резултати од истрагите против УЧК!

Судот во Хаг во февруари годинава објави дека ќе бидат поднесени неколку обвиненија.

Се шпекулира дека станува збор за три или четири обвиненија, но се уште нема официјални податоци за тоа колку други постапки се во процедура.

Денес истекува рокот од шест месеци за судот да ги потврди или отфрли сите обвиненија поднесени пред шест месеци.

Досега, повеќе од 100 поранешни припадници на ОВК добиле покани за сослушување во Хаг.

Беа сослушани повеќе од илјада сведоци

Истражните органи разговарале со околу 1.000 сведоци. Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај беше сослушан од Судот во јули минатата година.

Бројот на поранешни членови на УЧК кои се повикани од Судот во Хаг секој ден е се поголем.

Поранешниот член на ОВК, Зијадин Хоџа, денес доби покана од Специјалниот суд во Хаг, објави претседателот на организацијата на воените ветерани на УЧК, Хисни Гуцати.

Обвинителството за злосторствата направени во Косово, првенствено за злосторствата на УЧК, до Специјалниот суд на 24 април поднесе обвинение во десет точки во кое ги обвинува Хашим Тачи и Кадри Весели за злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.

Крајниот рок за потврдување на нивното обвинение истекува на 24 октомври, односно кога ќе поминат шест месеци од нивното поднесување.

Портпаролката на Специјализираниот Суд на Косово, Ангела Грип, неодамна изјави дека со правилото 88 од деловникот на Судот е предвидено дека судијата може да нареди привремено необјавување на документи од безбедносни причини или да спречи прекршување на постапката.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *