Првиот случај на коронавирус беше потврден денес кај мигрант во преполниот центар за мигранти на грчкиот остров Хиос, а ќе бидат тестирани уште 30 лица, соопшти грчкото Министерство за миграција.

Во тој прифатен центар има 3.800 мигранти, што е за три пати повеќе од планираниот број, пренесува Би-Би-Си.

Наведено е дека ова е прв случај кај мигрантите на тој остров.

Грчката агенција АНА исто така објави дека е потврден еден случај на вирус ковид-19 кај 55 ново пристигнати мигранти на островот Лезбос.

Во последните неколку недели е многу зголемен бројот на мигранти кои влегуваат во Македонија преку територијата на Грција.


Напишете коментар