Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас заработи речиси 3,5 милиони евра за сезоната 2019/20, и покрај тоа што пандемијата во еден момент го запре фудбалот во светот.

Загарантираниот дел на Тебас изнесува 2,1 милиони евра, а според договорот има и бонус од 1,33 милиони евра, што е голема сума во момент кога речиси сите тимови во Шпанија мора да ги намалат трошоците за да ја победат најголемата финансиска криза.

„Ел Конфиденсијал“ потсети дека платата на Тебас е зголемена премногу. Првиот човек на Ла Лига заработуваше околу 350.000 евра пред седум години, а сега зема десет пати повеќе пари.