Производителите на авиони веќе некое време се обидуваат да најдат решение за еден од најголемите проблеми во конструкцијата на електрични авиони, а сега тие се многу блиску до решението на проблемот.

Авионот со електрично напојување на познатата британска компанија Rolls-Royce, наречен „Spirit of Innovation“, направи успешен лет од време треање од 15 минути, со што започна фазата на негово „интензивно тестирање со кое ќе се собираат информации за перформансите на електричниот систем и електричниот погон“

Едноседниот авион користи батерии од 6.000 ќелии, најгусто „спакувана“ батерија за едно летало, која напојува три мотори со вкупна моќност од 400kW, односно повеќе од 536КЅ. Овој погон овозможува максимална брзина од околу 480km/h. Понатамошните тестирања ќе покажат како авионот и неговиот погонски систем ќе одговорат на предизвиците на подолги летови и во различни временски услови. Производителите на авионот веќе некое време се обидуваат да го решат еден од најголемите проблеми во конструкцијата на електричен авион, а тоа е дополнителната тежина која е составен дел од големите батерии.

Според примерот на Форд, целосно електричниот пикап F-150 Lightning е 816 килограми потежок во однос на примерокот со класичн погон.

Доколку таа тежина би се додалана еден авион како што е Cessna 206 Turbo Stationair, тогаш би се надминала корисната носивост на авионот за 227 килограми и тоа без патници и пилот и тоа би го оневозможило полетувањето и летот на авионот.