Полициски час од 18 часот во Франција. Така започнува првиот викенд од 2021 година во земја која се плаши од нов бран на вирусот корона.

Со цел да се справи со загрижувачката епидемиолошка состојба, особено на истокот, Франција сега го засили полицискиот час во 15 оддели. Од денес, околу шест милиони Французи во источниот дел на земјата повеќе нема да можат да излегуваат по 18 часот.

„Додадовме два типа полициски час, тоа сигурно ќе има позитивни последици за две до три недели, но веројатно е многу рано и тоа за да дојдат до израз овие мерки “, изјави за БФМТВ Фредерик Аднет, шеф на службата за итни случаи во болницата Ависен де Бобињи, пренесува Бета.

Некои бараат уште поостри мерки, но има и такви кои се спротивставуваат на последиците врз економијата.

Сепак, постои можност за натамошно заострување на мерките.

„Ако ситуацијата се влоши во некои региони, ќе преземеме мерки“, предупреди вчера портпаролот на француската влада Габриел Аталус.