Грција се соочи со проблем на почетокот на отворањето на земјата за туристите, и мораше да ги испрати во карантин сите патници од летот што пристигнаа од Катар, откако 12 патници беа позитивни на тестирањето за корона вирусот.

Грчките власти објавија дека 12 од 91 патник, кои биле на летот на „Катар ерлајнс“ кон Атина, биле позитивни на тестот за коронавирус.

Министерството за цивилна заштита реагираше на ова со прекинување на воздушните врски до и од арапската држава до 15 јуни. Сите 91 патници на летот беа веднаш сместени во карантин.

Патниците кои биле позитивни на тестот, ќе останат изолирани 14 дена во хотел определен од владата. Најмалку двајца од таа група на патници се членови на големата австралиска грчка заедница, од кои многу традиционално се враќаат во Грција во текот на летните месеци.

Неинфицираните патници ќе бидат ставени во карантин за седум дена, по што ќе следи второ тестирање за корона. Доколку резултатите од тестот се негативни, тие ќе можат да го напуштат карантинот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *