Руската вакцина против новиот коронавирус Спутник 5 обезбедува имунитет против инфекцијата повеќе од две години, изјави Александар Гинзбург, директор на рускиот Национален истражувачки центар Гамелеја за епидемиологија и микробиологија.

Вакцината Спутник 5 ќе даде имунитет за две или повеќе години, тоа ќе нè заштити. Колку вакцините засновани врз РНК векторот ќе не штитат никому не му е познато, рече тој во интервјуто за филмот “Опаснен вирус. Прва година” на рускиот ТВ канал “Русија 1”.

Гинзбург рече дека тој сè уште има антитела кон новиот коронавирус, осум месеци по вакцинирањето со Спутник 5.

Вакцината „ЕпиВакКорона“ може да обезбеди имунитет против КОВИД-19 најмалку половина година, рече во интервју за истиот документарец Ринат Максутов, генерален директор на рускиот Државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија. Прогнозата се заснова на податоци од испитувања врз животни на вакцината развиени од Вектор.

Тој исто така рече дека повеќето што го прележале ковид-19 го намалиле имунитетот по шест до десет месеци.

Никој не е имун на повторна инфекција, дури и оздравените кои имаат висок титар на специфични антитела при контакт со заразени лица со голема вирусна тежина. Никој не може да исклучи влегување на вирусни честички во телото на оздравените. Кај некои од оздравените ќе може да биде формиран доживотен имунитет, но кај повеќето од оздравените од болеста имунитетот се намалува по шест до максимум десет месеци и ќе биде потребна дополнителна стимулација на имунитетот, рече тој.