Поп-пејачката Дуа Липа (25) уште еднаш ги налути фановите и следбениците на социјалните мрежи. Откако изјави дека ајварот е производ од Албанија, таа сега ги присвои и ќебапите како „албански специјалитет“.

На Инстаграм профилот на нејзиното момче, манекенот Анвар Хадид (21), беа објавени фотографии од ресторан во кој пејачката јадела ќебапи и ги нарекла албанско јадење.

Дуа Липа претходно беше мета на злобни коментари бидејќи пред неколку месеци во емисијата „Hot ones“ со Шон Еванс (34) изјави дека ајварот е албански деликатес, што секој мора да го испроба пред да умре.