Докторот Бранимир Несторовиќ рече дека пие по 3 или 4 кафиња дневно.

Не можам да го започнам денот без кафе. Не можам да ги отворам очите додека не го испијам кафето. После тоа, ракиичка, се разбира – рече д -р Несторовиќ.

Тој за ТВ Хепи изјави дека физичката активност е еден од главните начини за спречување на стресот, ракот и кардиоваскуларните болести.

Јас пред некој ден ја косев тревата, а еден сосед ме праша зошто не му платам некому тоа да го прави. Не е во тоа поентата, рече д -р Несторовиќ.

Тој вели дека не треба да се претерува и дека луѓето постари од 50 години можат да заборават на тератана и дека е доволно да возат велосипед и брзо да пешачат.