Воен офицер застрела три лица денес на воениот аеродром во близина на рускиот град Воронеж, по што се забарикадираше, објави регионалната служба за итни ситуации.
Тој отворил оган од пушка што ја зел од офицер, пренесува Тас с.

Како што се наведува, едно од застреланите лица преживеало и било пренесено во болница во критична состојба.

Воениот аеродром во Балтимор е дел од Академијата за воена авијација и се реновира повеќе од седум години.