По 164 година, за прв пат, новогодишна прослава нема да биде организирана во култната кафеана „Три шашири“ во боемскиот кварт во Белград, Скадарлија.

На последниот ден од старата 2020 година имаше само неколку гости на ручек, но и тие ни рекоа дека планираат да ја дочекаат новата 2021 година во домашен амбиент.

Состојбата е нешто подобра во споредба со претходната недела, ни потврдија во ресторанот „Црвена роза“, но додаваат: „Неспоредливо полошо од минатата година“.

Во претходните години, по католичкиот Божиќ, сите ресторани во Скадарлија беа полни со странски гости секој ден. Немаше простор, но сега ситуацијата е сосема поинаква. Имаме резервации, но ограничени сме на работното време до 18 часот. Ги раширивме масите, така што немаме многу простор – велат од овој ресторан.

На прашањето каде ја дочекаа Новата година, белграѓани велат во своите домови, во семејниот круг и додадоа дека жалат што морале да ги напуштат рестораните и кафулињата во 18 часот.