Првата група на вакцини Спутник V против коронавирус е испратена во руските региони, објави прес-службата на руското Министерство за здравство. Вакцината, која е изработена од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и од руското Министерство за здравство, е испратена во регионите, пренесува РИА Новости.

Претходно, Анастасија Ракова, заменик-градоначалник на Москва за социјален развој, рече дека во главниот град веќе започнала вакцинација против Ковид-19.

Таа додаде дека вакцинацијата против коронавирус ќе биде бесплатна и ќе биде вклучена во списокот на редовни вакцини. Сите истражувања ќе бидат правени во текот на наредните шест месеци од вакцинацијата, каде што лекарите детално ќе ја проверат здравствената состојба на пациентите.

На 11 август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против коронавирус. Клиничките испитувања беа започнати на 18 јуни и сите 38 волонтери развија имунитет.