За време на видео-средба, рускиот претседател Владимир Путин имаше проблеми со кашлањето , што, се разбира, за време на пандемијата, предизвика бројни теории за неговото здравје, па дури и Кремљ мораше да се огласи.

Путин се бореше со кашлицата и проба да ја сокрие , при тоа тој неколку пати рече „извини“ и ја стави десната рака на устата додека се обидуваше да продолжи, пренесоа британските медиуми.

Како што изјавија од Кремљ, претседателот е „апсолутно добро“.

„Претседателот се извини и го продолжи состанокот скоро без пауза“, се вели во соопштението на Крем.

За време на состанокот се дискутираше за финансиските проблеми предизвикани од коронавирусот.

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ шпекулира дека, и покрај фактот дека Русија има на располагање две вакцини – едната, наводно, ја примила ќерката на Путин, Катерина (34) – тој најверојатно не примил ниту една.