За разлика од Доналд Трамп кој секој ден држи прес конференции и патува низ Америка, рускиот Претседател Владимир Путин беше многу внимателен во периодот на вирусот корона и поради пандемијата ја извршува својата функција далеку од Кремљ, односно преку видео конференции од неговата резиденција во Ново-Огарјово која се наоѓа надвор од Москва.

Сепак, првиот човек на Русија ја изненади домашната, но и светската јавност, бидејќи тој се појави денес во Кремљ, иако не е во Москва со недели поради епидемијата на вирусот корона.

Според неговиот кабинет, Путин имал средба со директорот на железницата, Олег Белозеров.

Дали ова излегување на Путин од “бункер” значи дека Русија полека но сигурно излегува од опасната зона на пандемијата?


Напишете коментар